Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, во изјава за медиумите, дадена денеска во Охрид, истакна дека условите што ги постави опозициската ВМРО ДПМНЕ за одглавување на политичкиот процес во земјата и евентуално одржување на предвремени  парламентарни избори, се неприфатливи за власта.

ВМРО ДПМНЕ бара формирање техничка влада според пржинскиот договор, разрешување на јавниот обвинител и поставување нов на предлог на опозицијата и формирање на анкетна комисија во Собранието за испитување на наводните нерегуларности на неодамна одржаниот референдум.