Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој е во официјална посета на Израел оствари средба со претседателот на Израел, Реувен Ривлин.

– Средбата со израелскиот претседател, но и оние утре, со заменик премиерот и со министерот за економија се најдобар демант на тврдењата на власта дека односите со Израел се загрозени од дел од политичките бомби што ги објави СДСМ, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев по средбата со израелскиот претседател Реувен Ривлин.

Средбата, била протоколарна се разговарало за билатералните односи, економската соработка бегалската криза. Скандалот со мабавката на израелска опрема од 15 бомба на СДСМ, не бил споменат рече Заев но не исклучува можност за тоа да стане збор на утрешните средби со владините претставници.

Заев во Израел ќе се сретне и со претставници од бизнис заедницата, како и со високи владини претставници на Израел, односно ќе се сретне со вицепремиерот на Израел, Силван Шалом и со министерот за инфраструктура, енергетика и води, Јувал Стеинц.

Во рамки на официјалната посета на Израел, Заев ќе ги посети и светите места во Ерусалим.

OhridNews

извор Телма