Развојот на Охрид мора да продолжи, а тој ќе продолжи само доколку сите се обединиме околу политиките коиштио гарантираат напредок, економски раст, но истовремено и заштита на ова преубаво светско природно и културно наследство. Ова денеска од Охрид, на неколку дена пред вториот круг од локалните избори, го порача лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Исходот од овие избори го одредуваат правецот по кој ќе се движи Општина Охрид и нејзините граѓани. Дали тоа ќе биде редот, правдата, правичноста и вложувањето во граѓаните и економскиот развој или неправдата, уништувањето на градот и езерото и трошењето на парите во криминални тендери. – истакна Заев.
Тој рече дека како централна власт СДСМ во изминатите 4 години бележи успеси кои се потврдени со бројни статистички податоци и параметри. Платите во просек се зголемени над 6000 денари, невработеноста е намалена под 15.9%, за 300% зголемена е социјалната помош, обештетени се 13000 стечајни работници, воведена е државна социјална пензија, посочи Заев.
Преку државната помомош за справување со пандемијата одвоивме преку 10 милиони евра помош за хотелиерите. Грижата за Охридското Езеро ја покажавме и преку зачувување на статусот на Охрид во УНЕСКО, но и преку преземање на колекторскиот систем во кој вложивме над 4 милиони евра. Со повеќе од половина милијарда денари го помогнавме Охрид во неговата намера за целосно одблокирање. Сето ова ја покажува нашата намера за вложување во граѓаните во секое населено место. Затоа ги повикувам охриѓани да се обединиме и на 31 октомври да гласаме за да продолжи грижата за граѓаните, да продолжи заштитата на животната средина, да продолжи локалниот економски развој и парите да се враќаат кај граѓаните. Да гласаме да продолжи развојот на Охрид, да гласаме за бројот 12, да гласаме за Константин Георгиески. – рече Заев.
Што се однесува до општините каде во вториот круг од локалните избори СДСМ нема свој кандидат, лидерот и премиер истакна дека ќе бидат поддржани кандидатите на коалиционите и владини партнери. Во Струга СДСМ ќе го поддржи Рамиз Мерко, додека во Тетово каде во вториот круг се најдоа кандидати на коалиционите партнери, членовите на СДСМ добиле инструкции да гласааат по сопствена волја, појасни Заев.
Г.М.