Форензичките извештаи и анализите на вештачењето за пожарот во модуларната болница во Тетово се при крај, изјави денеска премиерот Зоран Заев, кој очекува тие да бидат објавени час поскоро.
Колку поскоро, толку ќе биде подобро, за да ги решиме сите дилеми. Животот продолжува, политичарите се во кампања, се случуваат секојдневни активности. Ред е да се објави тој извештај за да можам и јас да го кажам својот став по повод понудените оставки од министерот, заменик-министерот, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање.
Пожарот во модуларната болница во Тетово избувна на 8 септември и во него загинаа 14 лица. По пожарот, оставки понудија министерот за здравство, неговиот заменик и двајцата директори на Тетовската болница. Во истрагата, покрај домашните истражни органи, се вклучија и германски експерти.
OhridNews