Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска на прес-конференција изјави дека преговорите со политичките лидери се науспешни.

Како што истакна Заев, Никола Груевски го минира процесот и одбива споделување на одговорноста за развојот на демократските процеси во земјата.

Според него, нема согласност за разговор за елементарните вредности.

Како што јавува репортерот на Телма, од СДСМ најавиле дека поради ваквата состојба „Вистината за Македонија“ ќе продолжи, односно ќе продолжи објавувањето на таканаречените „бомби“ од прислушуваните телефонски разговори.

OhridNews

Извор: „Телма“