Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, кој денеска заедно со уште четворица негови соработници беше приведен од страна на полицијата, попладнево е изведен на распит пред истражен судија во основниот суд во Скопје.

Во меѓувреме, пратеничката група на СДСМ ја напушти работата на македонското Собрание. Од СДСМ велат дека одлуката за напуштање на работатата на Собранието е единствена и цврста и претствува реакција на  приведувањето на градоначалникот на Струмица Зоран Заев .Според  лидерката на СДСМ, Радмила Шеќеринска,станува збор за чисто политички случај со цел да се покрие формираната на новата коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ. „Ова е флагрантно кршење на правниот поредок со цел да не постои опозиција, а ако постои таа да се плаши и да се крие“, рече  Шеќеринска на средбата со новинарите.

Изненаденост од апсењето на Заев изразил и претседателот на државата Бранко Црвенковски, а симпатизеритре на СДСМ најавија протест пред судот во Скопје.

Незадоволство од приведувањето на Зоран Заев изразија и коалиционите партнери на СДСМ, која пак најави дека ќе ги извести странските амбасади за случајот.

Ohridnews