Вкупно 74.000 денари ќе ја чини државата згрижувањето на Авганистанците, но не се знае точно колку од нив ќе пристигнат во земјава зашто бројката постојано се менува како што вчера се откажаа дел и заминаа на други дестинации, рече денеска премиерот Зоран Заев.
Со згрижувањето на граѓаните од Авганистан, напомена Заев, ќе ја испратиме клучната порака, на солидраност, и ќе покажеме дека мала земја како нашата, рамо до рамо со развиените држави, подава рака во најтешките моменти. Според Заев, државава прима повеќе бегалци од останатите затоа што имаме поголемо срце.
– Се работи за прашањето дали сме луѓе или не, да подадеме рака. И еден човек да спасисме, мислам дека го спасуваме светот. Ние се јавивме и се понудивме заедно со стратешките партерни да го споделиме тоа што значи одговорност, принципи и вредност, рече Заев.
Тој повтори дека е многу важна подготвеноста на една мала земја, тука, во срцето на Балканот, рамнорпавно со целиот демократски свет, да ја испрати пораката на човечноста и хуманоста.
Премиерот дополни дека од авганистански граѓани прво ќе стигат миротворци, активисти за човекови права, новинари, преведувачи, жени, деца, асистенти на нашата Армија кои за 19 години опслужиле 3.500 македонски војници.
OhridNews