Министерството за внатрешни работи денеска, поднесе кривична пријава за корупција против првиот човек на Општина Струмица.
Како што соопшти поолицијата, ријавениот во периодот од месец ноември 2013 година до денес, во својство на службено лице Градоначалник на Општина Струмица, на лице од Струмица директно за себе и за друг, му побарал подарок од значителна вредност во износ пресметан од по 2 (две) евра за еден метар квадратен градежно земјиште во Струмица, за кое оштетениот бил заинтересиран да го приватизира. Земјиштето е со вкупна површина од околу 100.000 м2, така што вкупната сума што е побарана од оштетениот изнесува околу 200.000 евра. Според документираните сознанија, подарок по една половина требало да биде за пријавениот и за изградба на црква во Струмица. Истиот требало да биде исплатен пријавениот да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши или да изврши службено дејствие што би морало да го изврши, со што истиот се товари дека сторил кривично дело „Примање поткуп“ од член 357 од КЗ.
Барањето на поткупот, уште кон крајот на декември 2013 година, оштетениот го пријавил и пред надлежниот Јавен Обвинител, по што отпочнало преземање на соодветни мерки и активности за докажување на кривичното дело.
По остварените две средби помеѓу оштетениот и осомничениот во текот на минатата година, како и по обезбедувањето на неопходните докази, произлегоа основите на сомнение дека пријавениот З.З. го сторил кривичното дело „Примање поткуп“ од член 357 од КЗ., соопшти МВР.
Осомничениот градоначалник и лидер на опозициската СДСМ, на партиската трибина што вечерва се одржа во Скопје обвини дека бизнисмен од Струмица И.С. се обидел да го намести за поткуп и дека има докази за тоа.
OhridNews