Централниот караван на СДСМ на чело со Претседателот на СДСМ  -Зоран Заев денеска беше во Белчишта,  Општина Дебрца заедно со кандидатот за градоначалник Игор Крцоски и носителот на Советничката листа  од СДСМ , Ромео Печоски

Заев од Белчишта порача дека во изминатите години се покажало дека во државата има пари и за да растат платите и за да се инвестира во капитални проекти, а во овие четири години како никогаш досега се инвестирало во патната и комуналната инфраструктура насекаде низ државата.

 

За само четири години изградивме и реконструиравме над 1.000 километри патишта. За само 4 години изградивме 60 градинки, 80 училишта, 60 објекти за полицијата, 34 здравствени установи, 20 домови на културата, театри, општински згради. Во овие четири години како никогаш досега се инвестираше во патната и комуналната инфраструктура насекаде низ државата. Кога ги димензиониравме инвестициите сериозно внимававме на рамномерниот развој, вложувавме повеќе и финансиравме повеќе проекти во руралните и општините кои цела деценија беа заборавени, истакна Заев

Тој додаде дека и во Дебрца се инвестирало во такви проекти кои го олеснуваат животот на граѓаните, а општината ја прават поразвиена.

Пробиени се и асфалтирани улици и локални патишта, поставени се водоводи, а преку ТАВ програмата ја финансираме изградбата на фекална канализација со пречистителна станица во село Лешани. Она што е најважен проект за општина Дебрца, е автопатот Кичево – Охрид кој ќе донесе неограничени можности за развој и ќе ја промени социјално-економската карта на Дебрца, додаде Заев. 

OhridNews