Обвинетите во случајот „Монструм“ се невини. Тие се неправедно во затвор, тврди лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервју за германскиот весник „Ди Цајт“, пренесува „Телма“.
Според него, објавувањето на вистината за петкатното убиство на Смилковско езеро може да предизвика судири со жртви. Во моментов вели тој, водиме интензивни разговори со албанската заедница, за да најдеме начин да спречиме таква реакција. Мораме да го сочуваме единството на народот.
Во интервјуто Заев потенцира и дека е загрижен дека состојбата може да излезе од контрола, но дека луѓето мора да се подготват за вистината.
Лидерот на СДСМ говори и за положбата во која во моментот е премиерот.
„Не верувам дека Груевски ќе даде оставка. Тоа би значело лично признание на вината. Сметам дека преку преговори можеме да изградиме преодна влада. И потоа, и за него би имало можност за достоинствено повлекување“, вели Заев за „Ди Цајт“.
OhridNews
Извор:„Телма“