Во своето обраќање по првиот круг од локалните избори, Зоран Заев кажа дека пораката од народот е испратена, пренесува тв Телма. „Народот даде поддршка за раст и развој на Македонија. Даде поддршка за едно општество за сите“.

– Најважно е што граѓаните победија. Им порачувам на советниците и градоначалниците дека ерата на локални шерифи заврши. Обврската сега е поголема. Во Македонија има живот за сите. Сега нема изговор. Засукуваме ракави за сите граѓани во нашата убава Македонија. Народот тоа го заслужува. Заедно сме сплотени во едно општество за сите, само сплотени и Македонија ќе оди напред. Им порачувам на сите носители на функции, внимателно да си го слушаме народот. Ветивме ќе бидеме сервис на граѓаните, како тие ќе диктираат, ние ќе работиме. Има да има правило, има да има транспарентна власт. За тоа нè задолжија сите. Радоста е голема, но одговорноста е поголема. Вредеше борбата и жртвата, вредеше заради нашата Македонија. Вечерва да прославиме, од утре одговорно и посветено да работиме. Ние сме одговорна власт пред сите граѓани. Има да работиме за сите граѓани. Македонија е на сите, сите општини се важни. Во вториот круг со почит кон граѓаните. Очекувам секаде да победиме, но со секој наш чекор покажуваме кои сме. Имаме право да се веселиме после низа години. Нека се радува и весели вечерва Македонија. Македонија моја доаѓаат добри времиња за тебе, бидејќи ти си сè што имаме. Нека ни е вечна добрата иднина, за секоја општина, да живее Скопје да живее Македонија. – изјави Заев. 

Премиерот Заев нагласи дека со победата носи и огромна одговорност: „Граѓаните ќе ги кажуваат нотите, ние ќе свириме по нив. Заврши времето на локалните шерифи“. 

OhridNews
извор: „Телма