Зоран Заев не го признава судот ниту ке оди на судење за Пуч. Ова го соопшти денеска додека во Кривичниот суд неговите адвокати се убедуваа со судот дека предметот за поткуп не треба да се суди.
Заев самиот најави дека очекува да биде уапсен веднаш откако јавно кажа дека нема да ги почитува налозите на судот. Одлуката на судот да прифати да му се суди за Пуч за Заев е политичка и ги потврдува наодите во Извештајот на Прибе во кои пишува за атмосфера на притисоци врз судството и фамилијарни врски на функционери од извршната власт со јавното обвинителство.
Држењето луѓе во притвор кои според обвинението му помагале во насилството врз Груевски, за Ззаев се клучен аргумент да не го почитува судот. Не постои наредба на Врховен судија за спроведување посебни истражни мерки која е задолжителна за кривично дело шпоинажа. Зоран Заев не ги признава доказите на судот за кои вели дека се докази на Никола Груевски, бидејки наместо тајно собрани материјали и презентирани во судница, доказите биле јавно достапни на социјалните мрежи.
Токму овие агументи беа презентирани и во судница за вториот предмет во кој Заев е осомничен за примање поткуп од 200 000 евра. Одбраната за овој случај вели дека делото не е сторено, пари не се земени , а работата требало да ја заврши министерството за финасии а не градоначалникот.
За вториот случај судот дополнително ќе ја соопшти одлуката.
OhridNews
извор Телма