Во јавното обвинителство во Скопје попладнево се појави и четвртоосомничениот во аферата Пуч, лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Заев е осомничен за шпионажа и помагање при насилство спрема претставници на највисоките државни органи.

Вчера во обвинителството за организиран криминал пред надлежен обвинител на распит беше донесен и Зоран Верушевски, првоосомничениот во акцијата Пуч. Верушевски во притвор е втор месец откако претходно притвор му беше одреден за нелегално поседување оружје.

OhridNews