Премиерот Зоран Заев денеска во Владата ги прими ракометарите на Европскиот шампион Вардар. Тој им честита на големиот успех и им изрази благодарност за се што направија да ја израдуваат нацијата.

Премиерот најави дека Владата ќе го награди успехот на Вардар во 500 000 евра, а дополнителни 100 000 ќе обезбеди Агенцијата за млади и спорт.

Уште од денеска се посветуваме на мерките кои ќе ги преземеме за стабилност на клубот на исто ниво на кое е сега, но и за развој и успешна иднина понатаму. Ќе се посветиме да изнајдеме начин за натамошната работа преку законски решенија и со помош на државните институции. Вие им носите радост на граѓаните, а државата ќе возврати со влог во иднината на македонскиот ракомет и македонскиот спорт. – напиша Заев на Фејсбук.

 

OhridNews