Лидерот на СДСМ Зоран Заев изјави дека со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски се договориле предвремените парламентарни избори да се оджат на 15 јули. Тој изрази очекување дека и Мицкоски јавно ќе го потврди постигнатиот договор.
За да не страда народот го заклучуваме 15 јули како конечен датум за одржување на изборите . – рече Заев.
Согласно постигнатиот меѓупартиски договор се очекува претседателот Пендаровски да прогласи нова вонредна состојба за да можат изборите да се одржат на 15 јули.
Се планира гласањето да трае три дена. На 13 и 14 јули би гласале болните, изнемоштените и оние кои се позитивни на коронавирусот или се наоѓаат во карантин или самоизолација. На 15 јули, среда, кој ќе биде неработен ден, гласањето ќе почне во 7 часот утрото, а ќе трае до 21 часот вечерта.
OhridNews