Лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски во вторник на 19-ти мај 2015 година ќе одат во Европскиот парламент во Стразбур каде ќе се сретнат со европарламентарците на нивно барање, објави „Телма“

На средбата европарламентарците ќе се обидат да најдат решение за политичката криза.

За да се оствари средбата денеска на лидерот на СДСМ, Зоран Заев му бил вратен пасошот кој му беше одземен заради случајот Пуч.

OhridNews

Извор: „Телма“