Државата ќе ги преземе ингеренциите во областа на градежништвото од општините Охрид и Струга, најави денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев.

Општина Охрид побара помош од државата за исполнување на обврските за зачувување УНЕСКО статусот на Охридскиот регион. Вчера градоначалникот на Струга Рамиз Мерко писмено ја известил владата дека општината и ги отстапува ингеремциите во градежништвото на владата.

Премиерот Заев истакна дека до него се уште не стасало писмото од Мерко, но доколку општината ги предаде надлежностите државата ќе ги преземе поради обврската да се зачува статусот на единственото УНЕСКО подрачје во земјата, но и за да стави ред и да се спречат, како што рече, одредени девијантни појави таму.

Премиерот најави дека државата ќе постапи целосно по закон во врска сом дивоградбите во Охридско-струшкиот регион и сите градби кои немаат законска основа за легализација ќе бидат отстранети.

OhridNews