224Узбори се решение за надминување на состојбите во земјата, вклучително и на здравствената криза, а датумот кога тие ќе се одржат е завршена работа. Ова одговарајќи на новинарско прашање го истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Заради заштита на здравјето на граѓаните изборите се решение а датумот за нивното одржување се завршена работа. Тие ќе се случат на 5 јули, за да добиеме најбрзо што може функционално собрание и политичка влада. Проблемите кои ги предизвикува Наќе Чулев мора да ги оставиме зад нас, а тоа е можно само со избори. Не е одговорно државата да ја оставиме без парламент и со техничка влада во која опозицијата е настроена деструктивно и само гледа да заработи некаков политички поен. Нема нови аргументи за економски мерки и со тоа нема ниту оправдување за нова вонредна состојба. Во таква ситуација, изборите остануваат онака како што е пропишано согласно Уставот и законите тие да се одржат на 5 јули, 22 дена по завршување на вонредната состојба. – рече Заев.
Според Заев, пандемијата од Ковид 19 и зголемениот број случаи деновиве во земјата, не се причина да нема избори.
Заштитната опрема, маска, марама, физичка дистанца, одржување лична хигиена се наше секојдневие и под соодветни заштитни протоколи можеме да организираме избори без никаков ризик по здравјето на кој било граѓанин. – додаде Заев.
OhridNews