Погрешни метафори и малку дезориентација владееше на партиските собири изминатата ноќ.

Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев на партиската конвенција во спортската арена Борис Трајковски говорејќи за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски рече дека треба да поставиме сидро што ќе влече напред. -Конечно да избереме претседател, да поставиме кормило, да ставиме сидро кое што ќе влече напред, ќе оди со позасилено темпо. – рече Заев.

Претседателскиот кандидат, пак, на опозициската коалиција Неготино го замени со Кавадарци. Откако на митингот во Нeготино го поздрави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски, на граѓаните им се обрати со зборовите „почитувани каварарчани“ . По реакцијата од присутните таа се извини и кажа дека се збунила оти посетуваат многу населени места во кампањата и се исправи со зборовите „најполитувани неготинчани“.

Гафовите на политичарите предизвикаа лавина од коментари на социјалните мрежи.

OhridNews