Во  рамките на третата фаза од ПХВ проектите (Промоција на Хуманите Вредности), Клубот на млади при Црвен крст Охрид  вечерва од 20:00 до 23:00 ч. во ноќниот клуб „Арена“, ќе реализира забава под мотото “ЗАЕДНО НА КАМП“.


Програмата ке биде збогатена со учество на ди-џеј Марио и ди-џеј Гец  и караоке чоу.На овој начин волонтерите на Црвен крст Охрид сакаат да се дружат заедно со оние целни групи кои беа во нивните проекти и на кои тие им помогнаа во рамките на нивните мини проекти . Со ваквото заедничко дружење ќе се  зголеми мотивираноста кај младите волонтери за да ја продолжат  мисијата за хуманост  и би се ублажила огромната потреба од секаков вид  на ранливите категории на наши сограѓани. Средствата кои ке се соберат од влезниците која чини 50 ден. ќе бидат наменети за дружење на летниот камп кој е планиран за втората половина од август, а ќе биде организиран на ниво на сите општински организации на Црвен крст од нашата држава.

Ohridnews