Во организација на Здружението на македонците иселеници „КОРЕНИ“, Охрид ќе биде домаќин на светско првенство во фудбал за македонците од светот .

“ЗАЕДНО ДОМА ВО МАКЕДОНИЈА“ е најголем и најспектакуларен настан организиран за македонската дијаспора дома во Македонија,  манифестација со спорт, забава и промоција и презентација на Македонија пред македонските иселеници.

Настанот ќе трае од 1 до 7 август 2008 година во Охрид со специјална програма за афирмација на Македонија пред дијаспората и зајакнување на врските и контактите на македонската дијаспора со матичната земја.

Ohridnews