По повод укинувањето на визниот режим за граѓаните на Македонија, Црна Гора и Република Србија, со заедничка изјава денеска се јавија министрите за внатрешни работи на трите држави.

– Со исполнување на условите на Европската Унија, кои се однесуваат на контролата на границите, борбата против организираниот криминал и корупцијата, унапредувањето на меѓународните односи и почитувањето на основните човекови права и слободи, јасно ја потврдивме припадноста и определбата на нашите држави кон европските интеграции. Воведувањето на безвизниот режим кој на 19 – ти декември стапува на сила го сметаме како  силен поттик во приближувањето на западниот Балкан кон Европската Унија. Очекуваме, во што покус рок, и граѓаните на Босна и Херцеговина и Република Албанија, исто така да ја добијатн поддршката на Европската Унија во процесот на  либерализацијата на визниот режим, и во тој смисол ја нудиме сета наша стручна поддршка, стои во заедничката изјава на министрите за внатрепни работи.


Со укинувањето на визите, се вели во честитката,   на нашите граѓани вратено им е правото кое им припаѓа на останатите граѓани на Европската Унија, со што им е овозможена слобода на движење и припаѓање во Европското семејство.

 Со тоа, истакнуваат тројцата министри, се потврдува одлучноста на Македонија, Црна Гора и Србија, да продолжат со развој на сите видови соработка во регионот, во духот на добрососедските односи, меѓусебното уважување и взаемната одговорност за целосна безбедност на граѓаните.

Ohridnews