Денот пред Духовден, Задушница, петок, 13 јуни, ќе биде неработен за припадниците на православната вероисповед во Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Задушница е еден од трите дена на Црквата во кои живите се молат да им бидат простени гревовите на покојниците, со принесување на симболични дарови во вино, пченица и лепче.
По Задушница, е обичајот Духови, празник кога живите им оддаваат почит на мртвите и бдеат преку ноќ на гробовите.