Претстојниот викенд се одбележуваат два празника, кои често пати се поистоветуваат. Во сабота пред празникот Духови е задушница. Овој празник е за сеќавање на починатите. На овој ден сите што имаат блиски починати ги посетуваат нивните вечни почивалишта или палат свеќа за спомен во храмовите.

Празникот Духови или Педесетница, кој се одбележува секогаш во недела, е крајно радосен, извонреден и утешителен настан, вели црковното учење. Тоа е денот на славното исполнување на ветувањето за Христовото испраќање на Светиот Дух врз апостолите. Светата книга вели дека на тој ден тие исполнети со светиот дух зборувале на многу јазици за сите да ги разберат и  крстиле и присоединиле кон Црквата Христова околу три илјади души. Оттогаш наваму Педесетница се смета за роденеден на црквата Божја.

OhridNews