Една бразилска невеста се омажила со два часа доцнење, за кое имала цврсто оправдуавње. Имено, разбојници ја киднапирале пред црквата во која требало да се венча, пренесле локалните меиуми. Мариеле Кореа со автомобил пристигнала на венчавката во Коритиба, град на југот на Бразил, кога киднаперите упаднале во возилото и ја киднапирале невестата, двајца нејзини пријатели и едно девојче кое имало десет години. 


Ги запрашала киднаперите дали ќе и дозволат да се омажи, а тие и одговориле дека нејзиниот вереник веќе станал вдовец. Киднаперите 20 минути се возеле со заложниците кои потоа ги оставиле на 10 километри од црквата. Побегнале со украдениот автомобил и со парите и накитот од жртвите. Невестата побарала помош во една куќа, му телефонирала на зетот и на венчавката пристигнала со такси.