По вина на неодговорниот возач на мртовечки автомобил од колумбискиот главен град Богота, починатиот Тито Вскез задоцнил на сопствениот погреб. Изморен од топлината возачот одлучил да застане на пиво, а кога испил неколку заборавил на починатиот во неговиот автомобил.
За тоа време роднините и пријателите на покојникот со часови чекале на градските гробишта Кампос Де Кристо во Богота. После залудното чекање го известиле погребното претпријатие чиј возач ангажирале и полицијата. Автомобилот со покојникот бил пронајден дури ноќта пред еден мотел каде возачот одлучил да одмори.