Охридските ракометари со победа 29-21 (16-11) над Работнички во Скопје го завршија регуларниот дел во Супер лигата.


Ракометарите на Охрид доминираа во текот на целиот натпревар, а тоа им овозможи лесна и убедлива победа трета во серија.

Со триумфот охридските ракометари му се одмаздија на Работнички за ремито во „Билјанини Извори“ во првата полусезона.

Во четирите мечеви одиграни од втората полусезона „гладијаторите“ забележаа три победи, но предоцна се разбудија и заиграа онака како што треба.

Со шест погодоци најпрецизен во охридскиот состав беше Мите Караиванов. Пет реализираше пивотменот Иван Тасески, а еден помалку Борче Соколов и Аце Трифуноски.

Десниот бек Милан Левов постигна два исто колку Крсте Андоновски, Горан Печенковски и Валентино Белевски. По еднаш мрежата на противникот ја погодија Атанас Поп-Стефанија и Бојан Белевски.

Мх.П.