Во понеделникот ноќта во њујоршкиот музеј Метрополитен бил одржана изложба ма стотина костими на покојниот дизајнер Александер МекКвин. Најголемо внимание меѓу присутните звезди кои се шетале по црвениот тепих предизвикала Ријана.
Таа се појавила во долг црн чипкаст фустан на Стела МекКарти под кој не носела ништо. Додека чекорела по црвениот тепих и им се смешкала на фоторепортерите, фустанот и се сплеткал околу ногата па се наведнала да го намести. Во тој момент блицовите на фотоапаратите најинтензивно работеле бидејќи сите само чекале да го фотографираат голиот задник на Ријана. Фустанот сепак останал на своето место и не открил премногу.