На локалитетот Плаошник во тек е изградбата на заштитен потпорен ѕид од северната страна на објектот „Римска бања“.

Изградбата на овој ѕид е неопходна за да се зачува уникатната градба и нејзините мозаици од одродни на земјиштето кои може да предизвикаат серизни проблеми не само на археолошкиот локалитет, туку и на куќата која се наоѓа во непосредна близина, велат од НУ Завод и музеј Охрид.

Изградбата на потпорниот ѕид ќе овозможи и непречена реализација на проектот за конзервација и реставрација на архитектурата и на мозаикот од римската бања, активност која што е планирана за следната, 2022 година, додаваат од НУ Завод и музеј Охрид.

Н.С.Ј.