Забрзаното топење на мразот на Арктикот, енормно го затопли Арктичкиот океан и атмосферата, што според климатолозите ќе резултира со екстремни временски појави оваа зима. Промените најмногу ќе бидат почувствувани во Северна Америка и во Европа, предупредуваат климатолозите.

На 26ти август измерен е најтенок слој на Арктикот, односно забележано е намалување на површината на мраз за 45 проценти во споредба со просекот во 80-те и 90-те години од минатиот век.

Намалувањето на мразот е без преседан во човечката историја, а истопената површина одговара на површината од Канада и Алјаска заедно!

Губењето на мразот го покренува таканаречениот повратен круг, познат како арктичко засилување. Како што се топи мразот така се поголема површина од Океанот се изложува на сончево зрачење. Океанот тогаш прима многу повеќе енергија, отколку под мраз, што ја зголемува температурата на воздухот, што резултира со понатамошно топење на мразот.

Но не се согласуваат сите со теоријата за поврзаност на топењето на мразот од Арктикот и временските услови. Но зимите 2009 – 2010 и 2010-2011 и минатата беа екстремно јаки поради загревањето на Арктикот.

OhridNews
извор:„Dnevnik.hr“