Од вкупно 36 држави, опфатени со истражувањето, пад е забележан во 24, додека раст на цените на недвижностите имало во 12 држави.
Забрзан пад забележан е во последните три месеци, во кои е спроведено истражувањето.
Позначително изразен пад на цените на недвижностите се бележи во периферните држави членки на еврозоната. Најголем пад од дури 18,95 отсто има во Ирска, следат грчката престолнина Атина со пад на цените на недвижностите од 11,68 отсто, Португалија со 10,45 отсто и Шпанија со пад од девет отсто.
Најголем раст на цената на недвижностите во европска унија има во Естонија од 9,13 отсто и Австрија од 8,24 отсто, додека на глобално ниво најголем раст има во Њу Делхи од 24,41 отсто и Сао Паоло со 18,7 отсто.
Извор: Макфакс