Гема Потер се обидела со сите видови контрацепција, пилули, презервативи, спирала, инјекции со прогестерон, меѓутоа и покрај сите мерки, таа и понатаму останувала бремена. Таа и нејзиниот сопруг Глен очекуваат уште едно дете. Ова и била седма бременост во пет години. Младата мајка на три деца (дожиеала и два абортуси и една вонматерична бременост), прв пат останала бремена и покрај користењето на пилули за контрацепција, па на истиот вид контрацепција се вратила и по породувањето. Меѓутоа, четири месеци подоцна повторно останала бремена. По второто породување лекарите и препорачале спирала, тврдејќи дека тоа е најефикасен метод за заштита.
Но се покажало дека и тие погрешиле. Таа повторно останала бремена, но овој пат доживеала спонтан абортус. Не можела да излезе на пијалок со пријателите бидејќи секогаш била бремена, а исто така не можела да најде работа и да оствари кариера. После третата бременост се обидела со инјекции прогестерон, но очекувано, повторно останала бремена, па се вратила на првиот вид контрацепција, пилулите, кои како и претходно не и помогнале што резултирало со петта вонматерична бременост. Нејзината шеста бременост исто така завршила со спонтан абортус.