Магдалена Кјатковска од Полска тужи еден египетски хотел, тврдејќи дека нејзината 13-годишна ќерка останала бремена откако се искапила во базенот. Таа верува дека девојчето забременило од залутана сперма капејќи се во базенот кој бил наменет за обата пола. Сега таа бара компензација од неименуваниот хотел.
Таа одлучно тврдо дека нејзината ќерка не запознала момче додека биле таму на одмор. Од туристичката агенција со која патувале велат дека мајката нема намера да се откаже од тужбата. Туристичката заедница во Варшава потврдила дека ја примила бизарната тужба.