Изданието на речникот на компанијата Мериам-Вебстер, кој го користат учениците во четврто и петто одделение го повлекле од употреба во Калифорнија бидејќи содржел сексуално експлицитни поими. еден од родителите се пожалил откако забележал дека речникот го објаснува поимот „орален секс“ како „орална стимулација на гениталиите“.


Заклучиле дека тоа е премногу за децата на возраст од девет до десет години и речникот бил повлечен од употреба во училиштата. Но, само еден ден по повлекувањето, на состанокот меѓу родителите, наставниците и надлежните органи решиле да го вратат во употреба. Родителите сами ќе одлучуваат дали нивните деца ќе го користат истиот.