Оние кои го следат, загледуваат, фотографираат или на друг начин го вознемируваат Џорџ Клуни, неговата сопруга Амал или познатите пријатели, ќе платат казна во износ до 500 евра. Џорџ веќе со години има имот во Италија, и често Италија ја споредивал со САД, давајќи и предност на европската земја кога се во прашање папараците и сите кои ги вознемируваат холивудсктие ѕзведи. Градоначалникот на местото Лаља, на езерото Комо, вовел казна за гледање или фотографирање на Клуни и неговата сопруга.

 

За престојот во Италија да биде што попријатен за актерот, неговото семејство и пријателите, градоначалникот Роберто Поци одлучил да го казни секој кој го нарушува мирот на овој актер. Имено, на зградата на градската управа е истакнат документ на кој пишува дека на секој му следи казна од 500 евра доколку го вознемирува Клуни или неговото семејство.