Португалските циркуси во иднина нема да можат да поседуваат диви животни како тигри, лавови, слонови или мајмуни, бидејќи нивното купување и размножување се забранети. Во соопштението на министерството за екологија постои список на животни за кои се состои забраната. Покрај споменатите на списокот се уште и мечките, змиите, фоките и ноевите.


Легалните сопственици имаат рок од 90 дена да ги пријават животните кои ги поседуваат, а им се забранува нивно размножување и понатамошно купување на нови примероци. Циркусите во главно се согласуваат со забраната за купување, но не и со забраната за репродукција.