На први октомври гулабите во кинескиот главен град ќе мора да останат во своите живеалишта за да не ја попречуваат свечената прослава по повод 60-годишнината од Комунистичкиот режим во Кина.


Повеќе од 30 илјади домаќинства во Пекинг, кои одгледуваат повеќе од милион гулаби примиле соопштенија од надлежните органи дека на нивните љубимци им се забранува летање на први октомври. Доколку не ја почитуваат оваа одлука можат да бидат казнети парично или да им се одземат гулабите. Прв воен собир во последниве десет години, свечена поворка со 100 илјади луѓе и спектакуларен огномет се само дел од нештата кои се спремаат за прославата.