Вработените во градските установи во Детроит повеќе нема да можат да користат парфеми и други миризливи производи, за да не мора градот да плаќа високи оштети на работниците на кои мирисите им сметаат. Официјалните лица планираат да постават табли со предупредување во сите установи, кои ќе ги предупредуваат вработените да не користат колонска вода, лосион за после бричење, парфеми, дезодоранси, кремови и други парфимирани препарати.
Оваа одлука била донесена откако градот морал да плати 100 илјади долари отштета на една работничка која пред две години поднела тужба жалејќи се дека не може да ја извршува својата работа поради парфемот на колешката кој и предизвикувал главоболка.