Општината Охрид ќе го забрани движењето во чаршијата со моторни возила во претстојниот период заради новогодишното украсување.

„Заради отпочнување со украсување и осветлување на Градскиот плоштад и чаршијата во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, се забранува секакво движење на моторни возила (камиони, комби итн), кои можат да ја оштетат поставената декоративна и светлосна опрема“, соопшти локалната самоуправа.

Забраната важи во текот на сите 24 часа од 10.12.2007, до моментот на размонтирање на опремата, информира општината.

Оттаму апелираат  до правните субјекти и граѓаните на Охрид, да ја почитуваат одлуката за забрана на движење со моторни возила низ чаршијата и совесно да се однесуваат кон поставените новогодишни реквизити.

ohridnews