Иран забранил пристап на повеќе од пет милиони интернет страни, бидејќи се работи за страни со неморални и антиопштествени содржини.


– Непријателите се користат со интернетот за да го напаѓаат нашиот верски идентитет – вели советникот на главниот обвинител Адулсамад Корамабади. Властите веќе со години ги присилуваат давателите на интернет услуги да постават филтри во своите системи кои би забраниле пристап до странските порнографски содржини, како и политичките страни кои потекнуваат од Иран и странство.