Министерот на Уганда смета дека мини сукњите треба да се забранат бидејќи жените кои ги носат им пречат на возачите. Тој мисли дека носењето кратка сукња е исто како жената да е гола.
-Што е лошо во мини сукњата? Можете да предизвикате сообраќајна несреќа, бидејќи некои од нашите луѓе се ментално слаби – изјавил тој.
Додава дека кога ќе видите гола жена почнувате да размислувате за неа, а тоа не може да биде добро кога истовремено возите.
– Овие денови е тешко да знаеш која е мајката, а која ќерката. Сите се голи – додава.