Новата реклама за „ Coco Chanel Mademoiselle“ со британската актерка Кира Најтли била забранета. Како што одлучила „Advertising Standards Authority“ агенцијата, рекламта била претерано секси за деца.

Одлуката била поддржана и од страна на британскиот премиер Дејвид Камерон, кој рекол дека детските очи треба да бидат заштитени од таа реклама, која ги изненадува гледачите. Од Шанел се правдаат, тврдејќи дека рекламата е разиграна и сензуална и дека не е претерано секси.