Реклама со Памела Андерсон за еден британски сајт била забранета пред да биде емитирана, бидејќи била понижувачка за жените. Памела Андерсон во рекламата глумела шеф на компанија кој претседавал со состанок, кога еден од нејзините колеги започнува да сонува. Во секвенцата од сонот која  трае 13 секунди, се појавува уште една атрактивна девојка која на персоналот му нуди шлаг во кафето.

Двете жени потоа почнувале да танцуваат во златни бикини, додека шлагот се преливал преку нив. После 45 секунди Памела на колегата му поставува прашање, потпрена на масата во поза која и го открива деколтето. Спотот бил прогласен за секситички и деградирачки за жените, бидејќи ги прикажувал како сексуални објекти. Поради тоа ќе биде емитуван само после 21 часот.