Рекламата на ПЕТА која требало да биде емитирана на телевизијата Fox за време на суперболот нема да биде емитирана бидејќи била премногу експлицитна. Суперболот оваа година ќе го пренесува американската телевизија Fox, која рекламата на ПЕТА со име ‘Veggie Love’, не сака да ја емитува бидејќи била премногу сексуална. Прикажува млади девојки и свежо овошје.
Девојките сами го избираат овошјето кое им се допаѓа, па со него се мазат, го бакнуваат и го лижат. На крајот на рекламата се појавува порака на која пишува „Докажано е дека вегетаријанците имаат подобар сексуален живот“. Рекламата на ПЕТА не била емитирина и во 2009 година.
Освен рекламата на ПЕТА, од телевизијата одбиле да ги рекламираат интернет страниците кои ги спојуваат самците. Во таа реклама се појавувала порно актерката Савана Самсон. Таа во рекламата глуми лик на жена кој се „пали“ на фактот штио нејзиниот сопруг има љубовница. На крајот од рекламата останува само по долна облека.