Во Холандија постојат околу 700 кафулиња, таканаречени „Кафе Шопови“, во кои постои можност да се купи и пуши марихуана, а одгледувањето и продажбата на лесни дроги во нив не е легална, но не претставува кривично дело. Коалицијата на „Десниот Центар“ има намера таквите кафулиња да ги претвори во приватни клубови, со воведување на членарина.
Pокрај тоа сакаат да го забранат влезот во истите за странските туристи поради зголемувањето на таканаречениот наркотуризам. Градот Мастрихт во Холандија со пропис го забранил влезот за странските туристи уште во 2005 година, поради навалата на наркотуристи, пред се од Германија и Белгија.