Еден музеј во Нов Зеланд ги советувал бремените жени да не доаѓаат на изложбата за маорската култура за да не паднат на зарек. Претставничката за медиумите на музејот изјавила дека не станува збор за формална забрана, туку препорака за заштита на бремените жени. Маорите, кои се староседелци на Нов Зеланд, веруваат дека таа изложба може да им наштети на жените.
Управата на музејот потврдила дека организирала посета на изложбата за своите вработени, со исклучок на бремените жени. Мишел Иполит, маорска советничка во музејот, објаснила дека повеќе експонати се користеле во маорските војни и дека во нив би можеле да се најдат зли духови способни да им наштетат на бремените жени.