Музејот Дунгеон во Јорк, Велика Британија, забранил влез за блондинки на викингшката изложба, бидејќи не кореспондирале со историските факти. Шефовите на музејот велат дека викинзите во главно биле црвенокоси, додека нивните непријатели саксонците имале посветла коса.


За црвенокосите влезот е бесплатен. Луѓето со потемни коси исто така се добредојдени, но мораат да платат влезници. Историчарот Марк Грахам смета дека најверојатно сите црвенокоси се потомци на викинзите.