Експлицитниот видео спот за песната на Ријана “We Found Love”, предизвикал контраверзии ширум светот, а овие денови бил забранет да се емитува во Франција, бидејќи било оценето дека промовира самодеструктивно однесување кај младите. Бидејќи се работи за спот кој прикажува прилично бурна врска на двајца млади луѓе, кои ги играат Ријана и британскиот манекен Дадли О’Шонеси, која во некои моменти станува и насилна, се претпоставува дека пејачката идеја за спотот пронашла во својата поранешна врска со Крис Браун, со кој раскинала откако еднаш ја претепал.
Од друга страна, во проблематичното видео има и нежни сцени, но тие биде оценети како премногу сугестивни бидејќи Дадли ја плескал пејачката по задникот и потоа ја тетовирал. Ова не е прв спот на Ријана кој е забранет во некоја земја, бидејќи слични судбини имале и спотовите за песните “S&M” и “Te Amo”, првенствено поради претераната сексуална содржина. Меѓутоа, Ријана не била загрижена поради критичарите и била спремна за нови провокации. Така објавила фотографии на кои пуши цигари додека позира во проѕирна маица, а нејзинте голи гради ги прекривале рацете на друга жена.