Управниот одбор на Спортско риболовниот клуб Свети Апостол Петар на вонредна седница како концесионер на Риболовниот ревир на општина Охрид, Дебарца и Требенишко езеро донесе одлука за забрана на секаков вид на риболов на сите видови риби на риболовниот ревир Охрид и Дебарца,односно на сите реки во општина Охрид како Сатеска, Коселска , Черава, Песочанка и други притоки кои се влеваат во Охридското Езеро и Требенишко Езеро.


Забранет риболовот на реките

Причина за донесување на ова одлука е лошите хидрографски параметри на хидропотенцијалот на сите реки во Охрид и Дебарца се со цел да се заштити рибниот фонд, информираат спортските риболовци.

Сите реки се со минимум биолошки  проток на вода. Ваквата хидролошка состојба на реките нанесува штетни последици врз целокупната флора и фауна на сите наведени реки. Поучени од досегашното искуство хидролошката состојба во септември , октомври и ноември не очекуваме  да се подобри. Овие месеци се најкритични за слабиот хидропотенцијал. Несовесните риболовци пак го користат нискиот водостој и  на секаков недозволен начин ја изловуваат рибата (оски, сачми, саков и , среддства за омајување, експлозив и со раце). Исто така апелираме и до земјоделците кои ги мијат земјоделските машини во  реките да не го прават тоа , затоа што слабиот проток на водата ќе биде фатален за рибите, односно  отровите кои се испуштат во водата  не може да се разредат, се вели во соопштението од СРК „Св. Апостол Петар“.


Коселска река

За оваа одлука ќе се извести надлежното Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и МВР, за да  со заедничка акција се спречи овој невиден масакр врз рибниот фонд. Спортските риболовци од Охрид се организираат и ќе ја искористат ова лоша хидролошка состојба предизвикана од климатски услови за да ги исчистат коритата на реките од цврст и друг вид на  отпад, се вели со соопштението на СРК „Св. Апостол Петар“.

ohridnews