Британското здружение од Ливерпул кое сака да го забрани пушењето на телевизиските екрани, вклучувајќи ги и анимираните филмови, сака да стави ознака на легендарниот цртан филм Попај со која ќе се предупредува дека содржината не е наменета за помлади од 18 години.
Попај, а и другите цртани јунаци со цигара или луле во рака, одеднаш станаа лош пример за децата. Членот на градското собрание Пола Кивени, која во потполност ја поддржува идејата против пушењето смета дека Попај, кој отвора конзерва спанаќ со своето луле сепак не е штетен за младите.